Геровски посочи дека мешовитата комисија за историски прашања согласно договорот нема овластувања да преговара ниту за идентитетските прашања, ниту за историјата ниту пак за јазикот, укажувајќи дека при составување на договорот требало да се консултира стручната јавност бидејќи како што рече тој грешна е терминологијата во член 8 став 3 каде се наведува дека двете страни ќе чествуваат заеднички историски настани и личности.
-Кој ви даде овластувања за да преговарате за јазикот? Кој ви даде овластувања за да преговарате за самиот идентитет или за историски личности, прашува тој.
-Овие што го составувале овој договор требало да се советуваат со стручната јавност, што претставува овој договор, што претставува одредба. Став 3 член 8 вели дека двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заедничко чествување на заеднички историски настани и личности. Кои се тие заеднички личности? Прво ова е спорно и не смееше да се дозволи ваква терминологија, смета Геровски.
Според Геровски билатералниот договор помеѓу Македонија и Бугарија не може да смени нешто што претходно е запишано во Обединетите Нации, истакнувајќи дека она што претставува матична книга на родени на еден граѓанин во една држава, тоа претставува Обединети Нации за државите.
-Оваа влада разговара за прашање кое што не постои, за кое што немаат овластување и кое што не може да произведе никакво ниту политичко ниту правно дејство затоа што ќе повторам со билатерален договор не можете да смените нешто што е внесено во Обединети Нации, заклучи Геровски.