Денес и во наредните денови се очекуваат екстремно високи температури, информираат од невладината Спас за Гевгелија и бараат прогласување на вонредна состојба.
Градоначалникот согласно законот мора да превземе и воведе итни мерки за справување со оваа ВОНРЕДНА СОСОТОЈБА. Се работи за здравјето и животот на граѓаните.
Здружението СПАС ЗА НАС на 02.08.2021 година, достави пријава до Државниот инспекторат за животна средина за загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.Од инспекторатот добивме информација дека денес директорот на државниот инспекторат заедно со своите соработници ќе излезе на терен и ќе постапи согласно законот.
Ние Ви препорачаме да не излегувате на отворено. Доколку излегувате надвор користете маска, очила за сонце и капа. Доколку имате разладни уреди затворете ги прозорите на вашите домови. Конзумирајте поголеми количини на вода, никако алкохолни пијалоци. Разладувајте го телото со туширање со ладна вода повеќе пати во текот на денот. Ако имате можност заминете во некое од планинските села или одмаралишта на надморска висина над 700 метри. Температурата таму е пониска за 5-6 степени, пишуваат тие на Фејсбук.
Во продолжение може да го погледнете видеото.
Гевгелија се гуши, гори депонијата, никој ништо не презема
Posted by Republika Nedelnik on Tuesday, August 3, 2021