Новак Ѓоковиќ денеска го почнува настапот на АТП мастерсот во Рим, а на посета му дојде Жозе Мурињо.

Жозе Мурињо често посетува големи тениски турнири кога тие се одржуваат во градот каде што работи. Така е и овојпат.

Португалецот отиде на тениските терени каде ќе се игра турнирот во Рим и се поздрави со Новак Ѓоковиќ кој денеска го почнува својот настап.