– Министерке Царовска испечатете учебници за децата да имаат од што да учат. Министерке Царовска со вашето фијаско за прв пат во историјата на Македонија свидетелства се делат во септември, а не во јуни. Министерке Царовска имаме огромен удар врз родителите затоа што треба да плаќаат и да набавуваат компјутери за децата, затоа што треба државата да им ги плати и државата да им ги набави. Министерке Царовска поднесете си оставка! Доста од вашите експерименти, доста од вашето фијаско, доста од вашиот дебакл врз грбот на учениците и родителите во цела Македонија, истакна Ѓорчев.