Дури и најголемите фанови на Македонија беше прашање дали веруваат во ваков резултат, но ова е вистинската Македонија, токму кога ќе ја потцените, таа тогаш ќе ви врати за сите пари.
Прво преку Горан Пандев во финишот од првиот дел дојдовме до водство со 0:1. Во вториот дел по една непотребна грешка во одбрана на Џани Алиоски, на домаќините им беше досуден пенал, кој го реализира Илкај Гундоган за 1:1.
Кога сите мислеа дека Германија ќе дојде до посакуваните бодови и победа со некој пресврт, Македонија повторно стапи на сцена. АКција во просторот на домаќините и Елиф Елмас умешно го матира Тер Штеген, за повторно водство на Македонија, кое подоцна се покажа како клучно.
Ова се големи, огромни бодови во квалификациите за СП2022 за Македонија, прв светски шампион кој сме успеале да го срушиме.
Во следното 4 коло од мундијалските квалификации Македонија ја дочекува Ерменија на 2 септември на „Тодор Проески“.
#GERMKD
Germany 1-2 Macedonia | GOAL! Elmas 😳🎥pic.twitter.com/VurriDEIUe— Fast Goal24 (@IFast24) March 31, 2021