Младата Лина Рангелова, студентка во прва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ го освои второ место на традиционалната Ораторска вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет при УКИМ.
Нејзиниот говор е на тема „Зошто „не“ за уставни измени“.
– Благодарност до сите кои ме поддржаа, како и до многубројното жири од професори меѓу кои имаше и професори од Србија и Хрватска. Комплиментите коишто ги добив од нив особено ми значат и ми се посебен поттик, порача младата Лина.
Како звучеше нејзиниот моќен говор поткрепен со аргументи слушнете во продолжение: