Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што го погодија регионот околу турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува, а сега се искачи на повеќе од 16.000.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Во истовреме, очајот се зголемува во провинцијата Хатај, најтешко погодената област во зоната на земјотресот во Турција. Толпи луѓе се слеваат во продавниците кои беа напуштени по земјотресот, пренесува „Скај њуз“.

Гладни сме“, вели еден човек.

Погледнете во што се претворивме. Нашата човечност е мртва“, вели друга жена.

Еден маж, кој го покрива лицето со шал, бесно зборува за недостигот на помош од турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган.

Имам деца. Земам само јогурт за да јадат. Јас би платил сè, но тие не ги отвораат своите продавници“, вели човекот со многу лутина.