Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ се секојдневие. Стотици автомобили стојат во место, нервозни возачи, обиди за претекнување, свирежи е денешната слика на границата од Македонија кон Грција.

Километарските колони од возила буквално започнуваат пред македонската граница и продолжуваат се до грчката Евзони.

Сепак според АМСМ, нема подолги задржувања на граничните премини, освен на „Табановце“ каде се чека околу половина час.