Авиосообраќајот на аеродромот „Никола Теска“ во Белград, Србија е во целосен прекин, пренесуваат српските медиуми, додавајќи дека ќе нема полетувања и пристигнувања во наредните два часа, поради „проблем во безбедносната контрола“.

Проблемот наводно настанал кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт. Така тие завршиле во транзитната зона, каде што не им е дозволено да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.

Патниците од Скопје се запрени и подоцна ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот. Се проценува дека прекинот на сообраќајот ќе трае најмалку два часа, објави српски „Курир“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)