Голем број луѓе се повредени во сериозна сообраќајна несреќа во Истанбул

Голем број луѓе се повредени откако автобус се забил во станица во Истанбул, а првите снимки од настанот веќе кружат на социјалните мрежи. Според турските медиуми, автобусот најпрво удрил во паркирано такси и камион пред да се заби директно во станицата, каде многумина чекале превоз.

На снимките се гледаат повредените на улицата, додека дел од нив се пренесуваат во амбулантни возила на носилки. „Автобусот беше тешко оштетен, беше полн со патници кога се заби во станицата. Ова е сериозна несреќа, има многу повредени, точниот број сè уште е непознат“, соопштија властите. Очевидци тврдат дека возачот ја изгубил контролата додека се расправал со мотоциклист пред него.