Шкендија го совлада Вардар со 2:0 во големото дерби на Националната арена „Тодор Проески“, но по последниот судиски свиреж фудбалот падна во втор план поради инцидент меѓу играчите на двете екипи.

По завршувањето на натпреварот дошло до физичка пресметка меѓу дел од фудбалерите на Вардар и Шкендија. Неколку играчи се бркале низ теренот и влегле во директен конфликт, додека нивните соиграчи и членовите на стручните штабови се обидувале да ги разделат.

Тензијата за момент се заканила да прерасне во поголема пресметка, но останатите фудбалери и членовите на екипите успеале да ја смират ситуацијата и да спречат дополнителна ескалација.

Инцидентот го одбележа крајот на дербито, во кое Шкендија претходно со 2:0 славеше против Вардар во Скопје.