Минијатурниот хеликоптер Ingenuity, тежок помалку од 2 килограми, кој се наоѓа на Марс како дел од мисијата на роверот „Perseverance“, го оствари својот трет лет и овој пат помина 80 секунди во воздухот.
Според НАСА, хеликоптерот полетал на висина од околу пет метри, а потоа извршил страничен маневар од 50 метри, поминал 80 секунди во воздухот, а потоа се вратил на почетната позиција.
Неделниот лет бил најамбициозен досега, но инженерите велат дека ќе се обидат да постигнат уште подобар резултат, пишува Би-Би-Си.
Тие би сакале да ги достигнат крајните граници на леталото, дури и ако крајната последица е целосно уништување.
Пилотите за Ingenuity рекле дека хеликоптерот повторно запрел овој пат, а потоа лебдел за кратко вртејќи ја камерата во сите правци, се движел странично и се вратил во првобитната положба и конечно слетал.
Претходните два лета беа извршени во понеделникот и четвртокот, а првиот, во историјата ќе остане заведен како прв контролиран лет на друга планета.
Ingenuity пристигна на Марс во средината на февруари. Таму тој беше однесен со роверот Perseverance кој слета во кратерот Езеро на Црвената планета.
Со овој потфат, научниците би сакале да докажат дека постои можност за летање во ретката атмосфера на Марс.
Тие објаснија дека во иднина, ваквите хеликоптери може да се користат за разгледување на теренот пред испраќање на ровери и астронаути во вселената, но и за истражување на некои тешко достапни локации, како што се карпите.
Претставници на НАСА им одобрија уште два лета на инженерскиот тим на Ingenuity, пред „Perseverance“ да ја започне својата примарна мисија – да бара знаци на живот во езерото Кратер.