Хеликоптерската единица за полициски намени денеска дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 11.30 часот.

-Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода, информира МВР.

Пожарот е целосно локализиран.