Жители на Општина Аеродром фатиле луѓе кои, како што тврдат, подметнувале пожар во реонот кај последна 5-ка. Според онлајн медиумот „24 часа“, кој објави видео од настанот, станува збор за најмалку две до три лица кои се приведени, од кои едното се гледа на снимката додека е задржано од граѓаните.