Видеонадзорот ја забележа двојката која го постави куферот
Во Скопје вчера, на плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, беа забележани двајца странски државјани кои оставија сомнителен празен куфер. Според МВР, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) и женското лице Вивиан С.Х. (родена 1985), влезени во Македонија на 1-ви октомври со летови од Цирих, се идентификувани како лицата од видеонадзорот.
Од МВР соопштија дека куферот бил оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ и веднаш по пријавата се преземени сите потребни мерки. Проверките покажале дека куферот бил празен.
Политички реакции и провокации
Во меѓувреме, по објавата на веста, перјаници на опозицијата ја искористија ситуацијата за контроверзни коментари. Бранко Тричковски, активен член на СДСМ, го шокираше јавноста со својот коментар за сомнителниот куфер, истакнувајќи крајно неприкладни и вознемирувачки изјави.
МВР истакнува дека случајот е под контрола и дека се преземаат сите законски мерки за обезбедување на јавната безбедност.
Преземено од Курир