Екипите на Борец и Шкендија го одиграа вториот натпревар во полуфиналето од одбојкарскиот шампионат на Македонија, а на крајот натпреварот им припадна на домаќините со 3:2, објави Слободен Печат.
Но, за жал по завршувањето на средбата следуваше инцидент во кој дојде до физичка пресметка помеѓу дел од одбојкарите и публиката.
Екипата на Шкендија по инцидентите се огласи и на социјалните мрежи со соопштение во кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.
„Резултатот на теренот беше засенет со неспортскиот прием на локалните навивачи и нападот врз нашите играчи во салата „Парк“ во Велес. Одбојкарите и стручниот персонал вечерва се повикани во канцелариите на СВР Велес на распит“, објави Шкендија.