Вчера во 19 часот во СВР Скопје, Г.Г.(43) од Скопје пријавил дека околу 18 часот во автобус на подрачјето на Центар, неговата ќерка била физички нападната од едно лице од с. Зелениково.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Во 22:20 часот вчера во СВР Скопје, Љ.Н.(56) од Скопје пријавил дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник.

Вчера во 13:40 часот во СВР Скопје, И.Ф.(20) од Скопје пријавил дека околу 13:20 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од две лица.

Вчера во 16:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, Н.А. од Скопје бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.