Инфраструктурен бум

Целосен инфраструктурен бум ѝ се случува на Македонија. За само една недела промовирани два големи проекти. Првиот е проектот со кој ќе се патува преку автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево, а вчера се промовираше и големиот проект на патниот правец од Прилеп до Битола кој ќе се прави како дел од коридорот 10д.

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минити, до Битола за час и половина

Од Скопје до Охрид час и половина, Скопје до Битола час и половина, Скопје до Прилеп час и 10 минути

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ги соопшти деталите за двата проекти. Првиот голем проект ќе направи од Скопје до Охрид да се патува за час и половина, а вториот проект од Скопје до Прилеп да се патува за час и десет минити, до Битола за час и половина.

Пелгагонискиот регион ќе добие нова слика

Со вчерашното интензивирање на работите на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10 пелагонискиот регион ќе добие нова слика. Се врши експропријација и деминирање на теренот. Треба да биде готов за 3 години.

Работа на терен

На автопатската делница Прилеп-Битола од околу 40 километри фронт на работа се 6. Од 1.300 парцели екпроприрани се 850, а од 500 хектари, на 100-тина се отстранети експлозивни направи, со помош на Армијата. Од досега најдените околу 19.500 можни експлозивни материјали, се извадени 200. Се интензивираат работите на автопатот што е дел од Коридорот 10.

Трасата на новиот автопат, главно ја следи сегашната. Автопатот обезбедува економски развој во општините во југозападниот регион.

До 2027 година проектот ќе биде готов

Автопатот треба да биде готов за три години. Заедно со експресниот пат Градско-Прилеп кој се гради во три етапи и треба да биде готов за една година, целосно ќе ја промени реалноста во регионот.