Жена која му викаше на британскиот политичар Најџел Фараж од прозорецот на својот автомобил, беше вклучена во сообраќајна несреќа неколку моменти подоцна, откако не успеа да застане на време и се судри со ред автомобили на црвено светло.
Фараж објави видео на социјалните мрежи од себе и неговите соработници како стојат покрај патот. Додека сива Опел Астра поминува покрај него, жената го спушта прозорецот и му вика навредливо.
Но, потоа, таа не успева да ја забележи редицата автомобили што чекаат на семафорите на време и се судри со задниот дел од автомобилот пред неа.
Видеото ги прикажува минувачите како го гледаат судирот во неверување, а Фараж потоа коментира: „Наскоро сигурно нема да го повтори тоа“.
This lady shouted abuse at me and then crashed her own car.
That’s what you might call instant karma! pic.twitter.com/qMQRtEKK6Q
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) July 23, 2026
