Изменети човечки судбини, тага, болка, неверување за она што се случило. Бурни реакции следуваат откако вчера истражувачка репортерска лабораторија вчера го објави истражувачки документарен филм „Убиство во Тетово“ за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица.
Што опфаќа документарецот?
Документарецот го опфаќа спроведувањето на тендерот од Министерството за локална самоуправа, кое поради неправилности го поништува. Го следи објавувањето на нов тендер со иста спеицифкација од Министерството за здравство, но и лицето кое ја правело техничката спецификација. Тоа, според нив, по заминувањето на Венко Филипче, дава отказ и се вработува во приватен ресор.
ИРЛ открива за потпишан анекс на договор кој не бил објавен во Системот за јавни набавки. Свиркачи им даваат документи на новинарите, меѓу кои се и трите вештачења за предметот. Тоа значи дека го имале и најважното – германско вештачење.
Недостатоци при изградбата на модуларната болница
Според ИРЛ, во модуларната болница не биле вградени соодветни кабли и приклучоци. Додаваат дека немало ниту елаборат за електричната енергија која била спроведена во конкретната изгорена градба во Тетово. Од прилогот се гледа како во моментот на пожарот имало се уште струја во разводната табла, што им укажува дека и покрај големиот пожар – осигурачите не се спуштиле. Експерт кој го говори во документарецот, посочува, дека ако осигурачите на време се исклучеле кога настанал спојот во продолжниот кабел, можело да не дојде до пожарот.
Која е поврзаноста на Кочо Анѓушев?
Дел од модуларните болници, меѓу кои и изгорената во Тетово ги изгради компанијата „Брако“ на Кочо Анѓушев. Во документарецот се зборува и за тој дел – како за документацијата, така и за изградбата, недостатоци.
Се осврнуваат и на истрагата која е водена од Обвинителството. Потсетија на познатиот факт дека во тетовскиот суд се гонеа лица за тоа зошто немало противпожарна опрема и зошто се пуштани лица кои не се пациенти да влегуваат во модуларниот објект – а нема обвинение за причините за пожарот.
– Ова можеше да биде секој од нас. Дали вреди човечкиот живот во оваа држава и дали вредат 14-те животи кои згаснаа во пожарот во модуларната болница во Тетово?, прашаа од ИРЛ, а во јавноста бура од реакции.
Во продолжение пренесуваме дел од реакциите на граѓаните:
– Не почитувани, ова е слика на ќерка која што плаче и не може да ја препознае својата мајка. Изгорена со уште 13 други луѓе. Вие наместо да и ја олесните болката, го браневте Анѓушев. Правдата ќе ве стигне!, напиша во својата подолга реакција новинарот Фуркан Салиу.
– Електричната инсталација во модуларната во Тетово била правена од електричар од Брако, кој работел без дозвола од Асоцијацијата на архитекти. Ама барем сега има демократија и слободно можеш да кажеш што мислиш, коментира Иљче Затарковски.
– Тука треба една исправка, рибата смрди од главата. Во обвинителство се работи по строга хиерархија и субординираност. Народски кажано-како каже шефот. Љубомир Јовевски е лицето кое треба да се разреши, па гони, вели адвокатот Јанки Митвоски.
– Модуларни крематориуми, кратко порача д-р Ненад Лазаров.