Холандската кралица Максима со недипломатски гест предизвика лавина реакции

Холандската кралица Максима со недипломатски гест, снимен за време на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, стана вирален момент на социјалните мрежи. Сцената се случи во Холандија, за време на НАТО самитот, каде што Трамп престојуваше во официјална посета.

Според видеото што почна да кружи, инцидентот се случил на појадок во присуство на кралот Вилем-Александар и кралицата Максима, ден по гала вечерата. Холандската кралица Максима го имитираше Трамп додека зборуваше, што предизвика спротивставени толкувања во јавноста.

Снимката предизвика поделени реакции: дел од јавноста ја слави кралицата, други ја обвинуваат за непрофесионализам

На видеото, додека Трамп разговара со кралот, Холандската кралица Максима стои веднаш до нив со насмевка. Во миг кога Трамп зборува – велејќи: „Тоа е фотографијата што ја сакаме“, а кралот му одговара: „Се надевам дека добро спиевте“ – Трамп се насмевнува и продолжува со: „Беше одлично, куќата е…“
Во тој момент, Холандската кралица Максима според многу корисници, ги поместува усните на начин што личи на имитација, по што следи краток израз што се толкува како сарказам.

Видео-снимката набргу стана вирална. Дел од публиката ја поддржа Холандската кралица Максима, коментирајќи:

„Колку повеќе ја гледам, толку е посмешна“,
„Се однесуваше кон него како кон бебе“,
„Го држи растојанието совршено, но останува во кадарот“.

Од друга страна, бројни корисници ја критикуваа нејзината постапка како несоодветна.

„Гадно и одвратно“, „Каква ‘Кралица’ е ова“, „Одвратно до срж“, беа само дел од негативните реакции.

Видеото и понатаму кружи со милионски прегледи, а јавноста останува поделена. Настанот отвори прашања за дипломатскиот етикет и јавниот имиџ на монархијата.