Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги сподели емоциите по победата (1:0) синоќа во Тирана против Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА.

– Ние испишавме историјата. Од самиот почеток верувавме дека можеме да го освоиме овој турнир. Толку многу мисли ми се вртат низ главата во моментов. Се чувствувам како вистински „романист“. Учеството во финалето не е доволно за да се влезе во историјата. Пред натпреварот им кажав на играчите за едно финале во кое бев поразен. Денес победивме, моите фудбалери дадоа сé од себе на теренот, истакна Мурињо.

Победата на Рома и го донесе првиот трофеј од европските купови во историјата на клубот.

Педесет и деветгодишниот Мурињо е единствениот менаџер кој победил на секое големо европско натпреварување. Мурињо обелодени дека ќе остане во Рома без оглед на сите шпекулации и без разлика каква понуда ќе стигне до него ова лето, а во продолжение од ноќта, доби и освежување од своите играчи за време на прес-конференцијата.