Автомобил целосно изгоре денеска на семафорите кај таканаречената „Пластичарска“.
Според првичните информации, возилото се запалило додека било во движење. Сообраќајот на овој дел од улицата е отежнат. Причините за пожарот засега не се познати.
На местото на настанот интервенираше и противпожарно возило.
