Според медиумите, од урнатините било извлечено безживотно тело на жена, а најмалку девет лица биле повредени, вклучително и десетгодишно момче кога спасувачите го извлекле од урнатините.

Се стравува дека во урнатините има повеќе заробени под рушевините.

-Зградата се тресеше, погледнав низ прозорецот и не можев да видам ништо. Изгледаше како бура, изјави очевидец, пренесува CBS.

Друг сведок кој престојуваше во хотел од другата страна на улицата рече дека „една од овие огромни згради исчезна, токму таму пред нас“.

-(Тоа е) најлудата работа што сум ја чул во животот, рече човекот. Погледни ја зградата, веќе нема.

Некои луѓе беа видени собрани на тротоарот пред урнатините, откако успеаја да избегаат или беа спасени, додека пак луѓето во соседните згради беа евакуирани во блискиот центар за рекреација, изјави еден сведок за ABC News.