Во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите во Торино, Јувентус го победи Галатасарај со 3:2 по продолженијата, но на крајот турскиот тим се пласира во осминафиналето со вкупна победа 5:7.
Јувентус успеа да ја стигне предноста од три гола во регуларните 90 минути. Имаше зицер за водство во вкупниот резултат, но трагичар е Жегова. Бидејќи веднаш по тоа промашување, Виктор Осимен постигна гол за вкупна предност, а пласманот на Галатасарај го потврди Јилмаз.
Она што изгледаше како невозможна мисија, Јувентус успеа да ја постигне за 90 минути. Успеа да победи со три гола разлика и да добие продолженија.
Таа почетна задача по резултатот на Истанбул од 5:2 беше уште потешка откако во 49-та минута, црвен картон доби Кели.
До тој момент, Јувентус доминираше. Имаше 58% посед на топката, девет удари кон голот, четири во голот и три големи шанс, и успеа да постигне гол од пенал во 37-та минута преку Локатели.
Сепак, ситуацијата на теренот не се промени значително. Гостите решија да ја одбранат својата предност и тоа скао ги чинеше. Прво Гати во 70-та минута, а потоа и МекКени во 82-та минута ја анулираа големата предност на турскиот тим.
Во продолженијата, целосен пресврт можеше да донесе Жегова, кој промаши изгледна шанса.
Галта ведаш казни, во 105-та минута, Виктор Осимен се извлече од офсајд за милиметар и ја протна топката низ нозете на Перин за 3:1 за Јувентус, но предност на Галата во вкупниот збир.
После тоа, динамиката на играта се промени, Јувентус се обиде, но залудно. А нокаутот следеше во 119-та минута кога, Јилмаз, постигна гол за пораз од 3:2, но вкупна победа и пласман во осминафиналето.
Турскиот шампион ќе игра против Тотенхем или Ливерпул во осминафиналето, а тоа ќе биде познато по ждрепката во петок.
Фудбалерите на Реал Мадрид и на реваншот од плејофот во Лигата на шампионите ја совладаа Бенфика сега и на домашен терен со резултат 2:1.
На првиот натпревар во Португалија триумфираа играчите на шпанскиот гигант исто така минимално со 1:0.
Бенфика поведе во 14 минута преку Рафа Силва, но радоста на Португалците траеше само 120 секунди бидејќи Чуамени брзо израмни по асистенцијата на Валверде.
Домаќините успеаја да постигнат гол во 32 минута преку Гулер, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР снимката.
Конечниот епилог беше поставен во 80 минута со погодокот на Винисиус Жуниор, а Валверде запиша и асистенција на овој меч.
Во осминафиналето се пласираше и тимот на ПСЖ кој излезе како победник во францускиот двомеч против Монако. На возвратниот дуел во Париз, двете екипи ремизираа 2:2. Париските „светци“ благодарение на победата од првата средба со 3:2 одат понатаму во елитното европско клупско натпреварување.
