На Илинден, Охрид не запира ниту во раните утрински часови. Во 6 часот наутро, на Малото пристаниште сè уште се слуша песна, а група млади со микрофон и звучник ја продолжуваат забавата.
На видеото се гледаат голем број млади кои сè уште не се прибрале по ноќното славење и продолжуваат да пеат и да се забавуваат покрај езерото.
Но, покрај празничната атмосфера, забележлива е и непријатната слика од расфрлани отпадоци и ѓубре на повеќе места.
Снимката покажува како изгледа Охрид во 6 часот наутро за Илинден – со песна, млади и продолжена забава, но и со последиците од непримерното однесување на дел од посетителите.
View this post on Instagram
