По историскиот пласман на Светското првенство, навивачите на Босна и Херцеговина одржаа спектакуларен дочек пред Вечниот пламен во Сараево, каде што централниот настан беше пречекот на играчите.

Победата на избраниците на селекторот Сергеј Барбарез донесе огромна радост во целата земја, па славјето траеше и до раните утрински часови.