Во познатото монденско одмаралиште Сен Тропе деновиве вистинско внимание привлекуваат поп-ѕвездата Кејти Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо. Тие одмараат на француската ривиера, но привлекоа медиумско внимание поради  блискоста на нивната врска.

Двојката уживаше покрај морето, споделувајќи нежни моменти, држејќи се за раце и разменувајќи бакнежи. Фотографиите од плажата ги обиколи светските медиуми.

На одмор во Сен Тропе, тие се однесуваа како секој друг пар, кој сака да ужива во летото покрај морето, сонцето и моментите подалеку од секојдневните обврски.


Француската ривиера честопати беше позадина за романтични приказни за познати личности, а ова лето токму Пери и Трудо станаа еден од најследените парови на брегот.

@parismatch Katy Perry and Justin Trudeau are showing some PDA in Saint-Tropez💘 #katyperry #justintrudeau #love #whattowatch ♬ original sound – lyrics.mp3


Кејти Пери, една од најпознатите пејачки во светот, и Џастин Трудо, кој со години е една од најпрепознатливите политички личности во Канада, веќе некое време го привлекуваат интересот на јавноста поради нивната необична комбинација од светот на музиката и политиката. Нивните заеднички појавувања привлекоа големо внимание токму поради различните кариери што ги обележаа нивните животи.