„Кој стои зад дојавите за бомби?“, на ова прашање разговараме утрово на Радио Лидер и направивме емисија со ваков работен наслов. Авторите на оваа емисија Љупчо Златев и Ивица Боцевски разговараа за кои проблеми настануваат од овие дојави за бомби.

Ситуацијата е пресериозна. Со ова се опфатени и луѓето кои не се директно засегнати. Нарушен е работниот процес во државата. Родителите си одат порано секојдневно од работа, изгубен е континуитетот во учењето.