Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм најави дека почнува свој подкаст, а дека разговорите ќе бидат посветени за теми надвор од политиката. Прв гостин ќе му биде кошаркарскиот тренер Мирослав Мута Николиќ.

„Постојат разговори што долго време сакав да ги водам. Не за политика, туку за луѓето, нивните животи, успеси, неуспеси, верувања и сè што ги обликувало. За спортот, културата, уметноста, религијата, историјата… За работите што нè поврзуваат и од кои можеме да научиме нешто и зошто вреди да застанеме и да слушаме друга личност“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Емисијата ќе се емитува на Јутјуб в петок во 12 часот.

Мута важи за препознатлива фигури во екс-југословенската и во српската кошарка. Познат е по фразата „Сè е тоа нормално“.