Димитар Ковачевски е еден од најактуените кандидати за нов претседател на СДСМ, барем додека не се пријават други, во интервју за Утрински брифинг говори за актуелните состојби во партијата и државата.
-Треба да се привлечат експерти кои ќе се вклучат и во партијата но и во државата. За граѓаните се важни и општите политички теми, за што имаме како СДСМ добар напредок со решавањето на проблемите со соседите. Сега треба да се адресираат проблемите со корупцијата што треба да го страт институциите. Но, граѓаните ги интересира стандардот, вели Ковачевски.
Се вели дека СДСМ има добри идеи, но потешко ги реализира.
-СДСМ е најголема партија во државата и на партиските избори можат сите да гласаат, Ние иамме најдобар кадровски потенцијал. Сметам дека треба да се направи нов тим со вклучување нови луѓе кои ќе придодадат со својата енергија, вели Ковачевски.
-Корупцијата е лоша за целото општество и од аспект на конкуренцијата и намалување на слободите. И тоа мора да се адресира. Судството и Обвинителството мора да бидат независни и мора да ја зголемат ефикасноста. Мојот став е нулта толеранција за корупцијата и сѐ да се работи по закон и процедура. Откриената корипција мора да се санкционира, вели Ковачевски.