Дојдено е времето да се ослободиме од власта на ДУИ и СДС. Пробиштип ја има таа несреќа го владее градоначалник од СДС, граѓаните од Пробиштип не видоа ништо добро во текот на овој мандат, изјави денеска носителот во Изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-Со новата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека ќе го реконструираме и прошириме патот до Свети Николе, се обврзуваме дека ќе го реконструираме патот и до Кратово. Исто така се обврзуваме дека околу 7 милиони евра ќе делегираме од централниот буџет до општина Пробиштип за нови локални инфраструктурни проекти.

Пробиштип заслужува промени. Пробиштип заслужува повторно да биде горд и ги повикувам сите граѓани на 24 април да излезат и да ни се придружат во големата и победа и прослава, изјави Ковачки.