Најпознатата шопинг-улица во Лондон, Оксфорд стрит, денес е позната и по друга „репутација“ – таму крадците на телефони дејствуваат речиси без пауза. Според локалните медиуми и жителите, секои 15 минути некој минувач останува без својот мобилен.

Туристите и купувачите кои се движат по улицата постојано се изложени на ризик – крадците со велосипеди или скутери брзо им ги грабнуваат телефоните од рака, по што исчезнуваат во гужвата.

Полицијата на Лондон потврдува дека кражбите на мобилни телефони се драстично зголемени во последните месеци, а Оксфорд стрит е еден од најпогодените делови. Се преземаат дополнителни мерки, но жителите и туристите велат дека чувството на небезбедност останува.