Партизан вчера во Мадрид по вторпат го победи Реал, овојпат со 95-80 во меч кој заврши порано поради големиот инцидент, црно-белите сега водат со 2-0 и им е потребна само уште една победа за да се пласираат на фајнл-фор.

Кошаркарите на Партизан синоќа направија нова сензација, не само што го победија Реал Мадрид на негов терен, туку го надиграа, беа подобри во текот на целиот меч.

На крајот имаше немили сцени откако фрустрациите од резултатот кошаркарите на Реал Мадрид ги преточија во голем инцидент поради кој се прекина мечот.

На аеродромот „Никола Тесла“ во четири часот наутро, навивачите на Партизан ги пречекаа своите херои. Пееа песни и им ги скандираа имињата.