Нашите навивачи кои отидоа да навиваат Македонија за мечот со Австрија останаа таму и за следниот меч со Унгарија, да ја бодрат и поддржуваат македонската репрезентација.
Веќе неколку денови атмосферата е еуфорична, се веат македонски знамиња, а македонските навивачи во дресови, капчиња, шалови продолжуваат со славење, пеење на македонски песни за поддршка на фудбалерите.