Викендов зад нас нашите млади кошаркари под 20 години играа турнир кој успешно го завршија со пласман во дивизијата А, но сепак тоа остана во втор план откако играчот со број 6 од нашата репрезентација го сокри зборчето North, а тоа наиде на аплауз од публиката.
Станува збор за Тома Стојаноски, играч од КК Гостивар. Овој млад репрезентативец ја покри географската одредница до името Македонија на дресот откако го прими сребрениот медал на Европското првенство.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:
View this post on Instagram
Инаку синоќа Македонија играше во финалето на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Скопје, со селекцијата на Чешка.