Честитки за Карлос Алкараз по неговата титула на Вимблдон стигнуваа од сите страни, а додека тој се шеташе низ просториите на централниот терен во „Ол Ингланд Клаб“ налета на дел од семејството на Новак Ѓоковиќ, објави Гол.

Во ходникот прв го сретна синот на Новак, Стефан, кој му се поклони и му подаде рака. Таму беше и агентот на Новак, Едоардо Арталди, дури и познатиот холивудски актер Хју Џекмен и на крајот сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ, која срдечно и со широка насмевка на лицето му го честиташе подвигот и победата на Вимблдон.

Видеото може да го погледнете ТУКА.