Очигледно на надлежните институции им премина во навика секоја зимска сезона да бидат неажурни, неподготвени и изненадени од јануарскиот снег.
Фотографиите и видеото кои ги пратија наши читатели го покажуваат токму тоа
Инаку времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2). Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје облачно со врнежи од дожд и повремен снег и со слаб до умерен сверен ветер. Попладне врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира помала снежна покривка.
За утре УХМР најавува повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.