Младиот македонскиот музички бисер Јован Цветиновски како честитка за Бадник и Божиќ за Македонците го обработи големиот хит Бисер Балкански кој го пееше Гоце Николовски а го напиша Хилми Билбил.
-
,,Пијано аранжман и хибридна композиција од Јован Цветиновски на познатата македонска народна песна „Бисер Балкански“”, пишува во објаснувањето на видеото објавено на Јутјуб.
Видео спотот за обработката на Бисер Балкански е едитиран од Андреј Митев.
Двајцата македонски бисери кои имаат по 14 години со видеото им посакуваат среќни празници на сите македонски граѓани.
Освен музичката обработка на познатиот македонски хит начинот на изведба од страна на Цветиновски му дава за право на големиот македонски пијанист Симон Трпчески да не се грижи за иднината на македонската пијано изведба
Извор: www.express.mk