Според Министерството за внатрешни работи, минатиот викенд протестирале најмалку 204.000 луѓе.
„Денеска очекуваме приближно ист број демонстранти“, изјави полициски извор за АФП.
Според агенцијата, протестите се планирани во повеќе од 150 градови.
Францускиот претседател повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат. до сега 66 % од француските граѓани ја примиле првата доза од вакцината против Ковид 19, а досега повеќе од 112 000 лица починале од вирусот.
Макрон не ја сакаме твојата пропусница, Макрон не те сакаме повеќе, извикуваа демонстрантите во Париз