Мал авион ја промашил пистата при слетување на аеродром во Тексас, а потоа се излизгал и удрил во автомобил кој минувал на блиската патека.

Видеото од несреќата го снимил минувачот Џек Шнајдер, а на него се гледа како авионот поминува низ ограда за време на итното слетување.


„Го видов авионот како брзо се спушта и знаев дека нема да има време да застане“, изјави Шнајдер за локалната телевизија „WFAA-TV“ во саботата.

„Очигледно беше дека оди пребрзо. Од гумите излегуваше чад!“, раскажува тој.

Возачот на автомобилот со полесни повреди е пренесен во болница, додека двете лица во авионот не се повредени, јавува Би-би-си.