Утрово на Радио Лидер гостуваше универзитетскиот професор Самоил Малчески со кој ги дискутиравме актуелни политички теми, а една од нив беше и вечерашниот протест за „случајот онкологија“.

На прашање од водителот на емисијата Златев околу тоа дали тој ќе присуствува вечерва на протестот, тој децидно одговори дека нема бидејќи некои сакаат протестот да се исполитизира.

Нема одам на протест од една причина. Од еден убав протест некој се обидува сега да го исполитизира и да добива политички поени, рече Малчески алудирајќи на тоа дека Левица сака на грбот на овој протест да земе политички поени. 

Малчески напомена дека пред некоја година изгубил близок член на клиниката за Онкологија, па затоа дека е многу емотивен на таа тема, па затоа му пречи кога некој сака да добие политички поени на оваа тема.

Виновниците треба да понесат одговорност, додаде тој.

Малчески вели дека немало забрани од ВМРО-ДПМНЕ да се присуствува на протестот.

Јас не можам да учествувам на протест каде има вулгарни пароли, заклучува Малчески и вели дека вулгаризмите не ги поддржува. Нека остават протестите да бидат граѓански, да не се политизираат