Професорот Самоил Малчески утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер, каде што зборуваше на повеќе теми од областа на економијата и политиката. Една од темите на разговор беше и најавената владина реконструкција, која, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, треба да се случи во следните денови.
Малчески во интервјуто изјави дека очекува околу 30 отсто од министрите да бидат опфатени со реконструкцијата. Според него, тоа би значело дека од своите позиции би можеле да бидат сменети шест до осум министри. Владината реконструкција изминатиот период неколкупати беше најавувана од премиерот Мицкоски. Малчески оцени дека промените би можеле да зафатат значаен дел од владиниот состав.
Погледнете го исечокот од гостувањето на Радио Лидер.
