Министерот за здравство во заминување, Фатмир Меџити не ги штедеше пофалбите за себеси кои ги добивал од граѓаните.

Граѓаните ме застануваат на улици, маркети и велат дека досега немале ваков енергичен министер. Дали некој ќе ме разреши не зависи од мене, започнува Меџити.

Даде пофалби и за неговиот колега министер во МИОА.

Во Собранието има многу квалитетни пратеници кои треба да размислуваат да видат што сме сработиле. Сите граѓани велат дека невиден е ваков стил со кој работиме претходните 11 месеци. Јас во здравство, а министерот Алиу во МИОА, потенцира тој.

Тој даде целосна поддршка за Таравари.

Нема табори во Алијанса за Албанците. Легитимно е избран Арбен Таравари да биде претседател, вели Меџити.

На прашањето „Кој го создаде раздорот во Алијанса за Албанците“, Меџити вели дека ова е „природна селекција“.

Ова има еден дел што беше ДУИ во Алијанса. Ова е природна селекција. Вакви термини употребуваме и во здравството. Најдобро е да има природна селекција, а така се чисти партијата. Ме радува тоа што голем број на наши поддржувачи и граѓани се зачленуваат во АА, додаде тој.

За следните избори Меџити вели дека на следните избори тие ќе одат со албанската опозиција.

Сега е време еднаш засекогаш една диктатура од ДУИ еднаш засекогаш да си замине, категоричен е Меџити.