По разрешувањето на Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса на Албанците односно таборот на претседателот Арбен Тарвари, министерот за политички систем Артан Груби им порача на граѓаните да спијат мирно оти неговиот лидер се грижи за сите. Груби ги нарече Меџити и Алиу, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Првиот албански премиер на Владата разреши двајца министри на ВМРО ДПМНЕ кое со сите сили ги бранеше денеска во Собранието. Лека ноќ, убав сон, спијте мирно додека Али Ахмети се грижи за сите нас“, напиша Груби споделувајќи фотографија од Ахмети.

Досега, на негова сметка имаше низа критики како лик кој ја води хајката против министрите за тие да бидат разрешени. Беше обвинет и дека тој стои зад расколот во Алијансата на Албанците. Последно, протече негова комуникација каде посочува на директори на клиники да земат боледување и да не го слушаат Меџити, оти брзо ќе биде разрешен.