Разговори ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

„Разговаравме, деновиве треба да почнат со работа работните групи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на ВРЕДИ. Приоритети наши се борба против корупција, враќање на правната држава, економски развој и интеграција“ вели Меџити.

Барања: Мицкоски – Меџити

На прашање до Меџити во ТВ изданието на „Трилинг“ „Што ќе барате од Мицкоски за да партиципирате во идната влада?“ тој е дециден.

„Една работа, да не биде флексибилен кон раководството на ВРЕДИ како што беше СДСМ кон ДУИ. Имаше перцепција дека ДУИ владее со државата. Албанците веќе не бараат само симболика. Албанците сакаат власта да ја реализира програмата, да биде во функција на граѓаните. Деновиве ќе почнеме преговори за принципите на идната влада, а во втор план се ресорите, министерски, директорски“.

Анализа на изборниот резултат во македонски блок

Меџити вели дека е изненаден од големата разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Не очекував толку голема разлика. Очекував околу 50 пратеници за ДПМНЕ и околу 30 за СДСМ. Во албанскиот кампус знаев дека ќе има промена од пред две недели. 2009 година воедно беа Локални и Претседателски избори. Во Чаир истиот гласач во 4 листи гласаше за ДУИ, за претседател гласаа за Имер Селмани. Очекував таква промена и сега, вели тој.

Првпат албанската опозиција надмина 100.000 гласови

Меџити вели дека ДУИ ја анулирала својата предност, а како единствена опција во албанскиот сектор вели дека моментално е Вреди односно ВЛЕН.

„Единствена опција во албанскиот политички блок е ВРЕДИ, ДУИ е граѓански концепт, тоа не се гласови на ДУИ туку на Европскиот фронт. Ние на овие избори немавме конкуренција. Првпат од 90-те до сега албанската опозиција надминува 100.000 гласови. Тие што ги познаваат приликите, во ИЕ 6 наместо 9-7, може да има 8-8 сооднос на пратеници. Во минатото имало 250.000 активни албански гласови, сега тврдам дека нема повеќе од 200.000 албански гласови. ДУИ со 85.000 ласови во 2016 година ги претставуваше Албанците во Владата“ – вели во Трилинг, Изет Меџити лидер на Демократско движење кое е дел од коалицијата ВРЕДИ.