Први јуни 2017 година беше формирана првата Влада со мандатар Зоран Заев . Точно имаше надеж кај народот за неговите ветувања. Но, по 4 години резултатат на сето ова е едно погромно разочарување, изјави Христијан Мицкоски на прес конференција.
Никогаш не било лесно овие 30 години независност, но сега народот живее буквално најтешко. Оваа Влада ги сруши стандардите во политиката, ненормалното стана нормално. Овие 4 години украден живот, украдоа 4 години живот, ги празнат џебовите на народот, 4 години хибриден режим, на мафијата на власт. Рашкоски кој го брани Заев не е причината туку последицата, а другите чувари на криминалот се слугите на Заев. 1461 ден одење наназад, а за за возврат Договор со Бугарија и многу криминал и неправда, изјави Мицкоски.
Во делот на економијата ветуваа раст од 5 % на БДП секоја година , но каква е реалноста просечниот е 0, 7% или за 7 пати помалку за тоа што го ветуваа . Од 01. 01. 2018 до 31. 2020, БДП се зголеми за 700 милиони евра, а јавниот долг порасна за една милијарда и 700 милиони евра. Ветуваа правичен даночен систем, вовеадоа скалест данок, а мерката имаше катастрофални ефекти врз домашнита економија, откако нанесоа штета со десети ци милиони евра во стопанството , се одлучија пак да се врата на рамен данок. СДИ ветуваа дека ќе бидат рекордери на Балканот , а каква е реалноста .. Во 2020 директните странски инвестиции во Македонија се 1, 9 % од БДП, а во соседите состтојбата е следа во БИХ има СДИ 2, 1% од БДП, Косово 4% и Србија 4, 8, Црна Гора 11 % .. Длаббоко сме на дното, а нема странски директни инвестиции оти оваа влада е најкорумпирана во Европа .. Најкорумпирана во држава, најлоша во независна држава, а тоа е така оти апаши ни ја водат државата . 8 милијадри евра ќе завршат како бројки на хартија ..Во Енергетика ветуваа многу . Ветуваа изградба на Чебрен и Галиште, 4 години подоцна нема ништо. само човек штои е тотално одлепен од реалноста, може да дае ваков рок за изградба. Но на лагата на Заев и нема крај. Во програмата за живот . 4 годибни шајка не заковаа, а производството на ее е најмало во историјата, изјави Мицкоски.