Најавени силни реформи во јавната администрација
Министерот којшто веќе два месеци активно е на оваа функција вели дека за брз период ќе има силни реформски процеси во јавната администрација. Минчев јавната администрација ја опишува како столб на една нација, па затоа мора да биде правилно распоредена.
Јавните институции претходните 30 години се превработени заради партиски цели
Минчев ги обвини политиките во овие задни 30 години за партиски цели, па затоа има преголема вработеност по дел од институциите.
Има институции каде бројот на вработени е преголем, но само 30 до 40 проценти вистински ги исполнуваат своите работни задачи. Тоа пред се должи на досегашното партиско вработување во изминатите 30 години, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев.
Балансерот ја изгуби својата намена
Минчев се осврна и на балансерот. Според него балансерот се злоупотребува, пример: Македонци се пишувале како Албанци, а Албанци како Македонци, а и од помалите етнички заедници се пишувале како друга националност. Оттука, тој поентира дека