Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ утрово е гостин во студиото на Радио Лидер. Тој најави многу проекти, визија и стратегија за Аеродром, но одговори и на критиките од противкандидатите. На тема градинки Митески најави дека наскоро листите за чекање заминуваат во историја со тоа што неколку нови градинки ќе бидат пуштени во употреба.

Многу ми е драго што правиме муабет за зелени површини, а не правиме муабет за сечење дрвја за изградба на нови згради. Четири години не е тема во Аеродром. Четири години тема и повисока урбана тема. Затоа драго ми е што разговараме на оваа тема. Пред осум години имаше ангажирано 300 работници кои ние секој месец ги плаќавме преку сметките за вода. Сега продолжуваме да ги плаќаме сметките за вода, а не ги гледаме работниците. Тоа е сериозен проблем со функционирањето на градските власти, Комунална хигиена, Паркови и зеленило. Проблем е тоа на цело Скопје, а не само Аеродром. Пробуваме сами да менаџираме, но е недоволно, вели Митески за Радио Лидер.

Митески вели дека моментално немаат никаква соработка со градските служби предводени од Данела Арсовска. Како пример се осврна на хигиената, но сепак не стојат со скрстени раце, туку активно работат на решавање на проблемот.

Дневно ние депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла. Тоа не е наша работа. Но, не можеме да ги оставиме граѓаните со преполни контејнери.

Митески најавува дека во идниот период со новиот градоначалник на Скопје ќе разговараат за нови системи за полевање. Така би се подигнала хигиената.

Во продолжение погледнете ја целата емисија: