За премиерот Мицкоски последната провокација од Софија од каде македонскиот јазик го преименуваа во ,,достапен јазик” е само уште една потврда дека барањето на Бугарија за ,,Бугари во уставот” не е последна уцена од источниот сосед.
Премиерот вели дека е време за сплотување на сите сили во Македонија на оваа тема и изрази жалење што предходната влада влегла во оваа игра со Бугарија и прифатила капитулација на Македонија.
